Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕТУИ -ТРЕНИНГ КУРС ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СИНДИКАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО МУЛТИ- НАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ

4-6.11.2015

Во периодот од 4 до 6 ноември 2015 година во Сојузот на синдикатите на Македонија, а со поддршка на Едукативниот центар од Европската конфедерација на синдикати (ЕТУИ/ЕТУЦ) се одржа тренинг курс на тема „Организирање на синдикални претставници во мултинационални компании“.

Слика 1. Учесници на курсот

На овој курс присуствуваа 18 претставници од земјите од Европа меѓу кои и 3 претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија од гранките здружени во ССМ и тоа: Елизабета Гелевска,  претставник од Синдикатот на работниците  за текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Р. Македонија (СТКЧ), Дракче Димковски, претставник од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) и Методија Димевски, претседател на Синдикатот на работниците од сообраќај врски на Р. Македонија (СРСВМ).

Курсот имаше за цел да им помогне на учесниците како полесно да извршат  индентификување на главните алатки кој ќе им помогнат на извршат мапирање, организација и да изнајдат полесни начини како ќе вршат организирање и зачленување на ново членство во мулти- националните компании преку конкретни акции.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.