Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Во организација на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска се одбележа Европската недела на безбедност и здравје при работа.

На одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа се обратија Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Штефен Худолин, Делегација на Европската унија во државава, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, Владанка Трајковска, претседател на ОРМ, Емил Крстановски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот во Македонија и Валон Садики, програмскиот координатор на фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Скопје.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека се уште не се обезбедени оптимални услови за целосна сигурност и безбедност на работните места, како и обезбедување на континуирано унапредување на состојбата на здравите и безбедни услови за работа во компаниите.

-Денеска ние зборуваме за здрави и безбедни услови при дигитално работење, проблемот со ноќно работење, проблемот со плаќањето на плата и плаќањето на придонеси, меѓутоа не можам да не споменам дека нашите критики и критиките на работниците во најголем дел се за ставањето на стратешкиот интерес и интересот на одредени странски конзорциуми над безбедноста, здравјето и животот на работниците, рече Трендафилов.

Македонија е единствена земја во Европа, а момеби и во светот, продолжи Трендафилов, каде им се овозможува на странски компании да не ги почитуваат правилата за безбедност и здравје при работа со работа по 12 часови дневно или 72 часови неделно, на што симдикатите остро се спротиставуваат.

-За жал, ова ќе биде случај кој ќе го дискутираме во наредниот период, имајќи во предвид дека веќе е најавена изградбата на коридорите 8 и 10Д, каде работниците ќе работат по 12 часови дневно и 72 часови неделно, бајпасирајќи го Законот за безбедност и здравје при работа, овозможувајќи со измени на Законот за работните односи со злоупотреба на европското знаменце, нечовечки услови за работа на работниците кои ќе градат на коридорите од стратешки интерес, истакна Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.