Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Европскиот ден на акција и солидарност за ссм трае цела година

Денешниот прес - ССМ со другите синдикати е движечка сила во зачувувањето на работничките права
Денешниот прес - ССМ со другите синдикати е движечка сила во зачувувањето на работничките права

Сојузот на синдикатите на Македонија во целост го поддржува Европскиот ден на акција и солидарност, изјави на денешната конференција за печат претседателот Живко Митревски.

Меѓутоа, за ССМ деновите на акција траат преку целата година, не само еден ден. ССМ во контунуитет ја остварува својата платформа за заштита на трудовите стандарди и остварувањето на социјалната политика. Исто така ги охрабрува Владата и Организацијата на работодавачите да бидат конструктивни и да придонесат кај проектите кои се од значење за економско – социјалната положба на  работниците. Тоа се однесува на трудовите стандарди, социјалната политика и воопшто зачувувањето на темелните вредности на трудот.

Митревски посебно се задржа на најавеното донесување на закон за мобинг. Донесувањето на Закон за мобинг е крупна победа за Сојузот на синдикатите на Македонија. Посебниот закон за мобинг го сметаме за придонес на ССМ во зачувувањето на работничките права и на усвојувањето и имплементирањето на европската работничка легислатива, што е темелна платформа на дејствување на ССМ.  Од месец мај започнавме кампања за донесување посебен закон за мобинг, понудивме свој предлог на текст за законот, за кој е најавено усвојување во рок од 90 дена. Ова е трет пат за последните две години, кога ССМ донесува победа во донесувањето посебни закони со кои се зачувуваат правата на работниците.

Законот за мобинг е уште еден доказ дека ССМ се докажува во конкретни активности. Бевме критикувани за начинот на дејствување, но еве се докажува дека работата на ССМ вродува со конкретни плодови. Во изминатите две години круцијална придобивка е донесувањето на Законот за минимална плата и Законот за европски работнички совети.

Понатаму се отвора уште една платформа на дејствување, а тоа е родовата еднаквост, односно подобрување на положбата на жените. Со новите односи во општеството се отворија и овие прашања и тука се потребни нови големи ангажмани.

Во 2011 и 2012 година година се усвоени пет конвенции на МОТ, додека на последната седница на Економско – социјалниот совет се разговараше за усвојување на Конвенцијата за јавна служба, Конвенцијата за администрација и многу важната Конвенција број 154 за колективно договарање.

Сите овие постигнувања се одвиваат во време на исклучителна светска финансиска криза. Заедно со другите синдикати ССМ докажува дека  е движечка сила во зачувувањето на работничките права.

На прашањето на новинарите за работењето на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг Митревски одговори дека за изминатите две години се регистрирани 40 случаи, од кои за 20 се водат спорови за докажување на мобингот. Инаку во спроведената анкета се покажа дека над 40 отсто од рботниците во Македонија сметаат дека се жртви на мобинг. Ние идентификуваме и појава на политички мобинг, што е уште едно поле за дејствување против мобингот, односно ќе значи натамошна демократизација на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.