- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Р.С. Македонија беа дел од активноста Проектната канцеларија Зајакнување на социјалниот дијалог - отворен „ресторан“ која се одржа во петок (03.12.2021) со почеток од 12:00 часот во ГТЦ
Настанот претставуваше можност за споделување и добивање на корисни информаци кои им ги споделивме, а се од голема важност за сите вработени, непријавени лица, работниот однос и нивните права на работата.
Дел од атмосферата од настанот кој се одржа пред ГТЦ Скопје на 03.12, каде што посетителите добија информации како да ја формализираат својата работа или да дадат совет некому кому му е тоа потребно.

