Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ФОРМИРАН ГЛАВЕН ШТРАЈКУВАЧКИ ОДБОР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ШТРАЈКОТ И ОБЛИЦИ ЗА ПРИТИСОК И ИЗРАЗУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКО НЕЗАДОВОЛСТВО

Претседателството на ССМ и Советот на ССМ на денешните седници кои останаа отворени за да може да заседаваат во континуитет во наредниот период, како највисоки органи помеѓу два Конгреси на ССМ, донесоа Одлуки со кои Претседателството на ССМ е овластено за главен штрајкувачки одбор кој во наредниот период ќе организира и спроведува разни облици на притисок како и да организира штрајк, по однос на утврдените барања​ на ССМ, а во зависност од преговорите на претстојниот состанок со Владата на 31.01.2022 година.

Со одлуката се задолжуваат синдикатите согласно нивните Статути да ги спроведат сите постапки пред нивните органи и тела во насока на неопходност и солидарност со претстојните активности за спроведување на штрајкот и на разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство.

Беа потврдени барањата:

1. Итно донесување на предологот на Законот од ССМ за​ изменување и дополнување​ на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија со кој бараме Минималната плата во бруто износ изнесува 26.476,00 денари ​ или 18.000 денари ВЕДНАШ, висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци и платите на останатите работници задолжително да се усогласат со порастот на минималната плата согласно Закон и колективен договор.

2. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор во кој ќе го вратиме изгубеното работничко право на регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите.

Уште еднаш ги повикуваме пратениците во собранието сите заедно веднаш да го игласаат предложениот Закон од ССМ за зголемување на минималната плата и сите останати плати согласно Закон и Колективен договор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.