- Македонски
- English
Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во годинашниот Извештај - Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците" ја рангираше Македонија на 4 место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место.
Во Извештајот се нагласува дека како најлоши услови од почетокот на сметање на Индексот за глобални права е и формирањето на жолти синдикати од страна на работодавачите, а Македонија е наведена како еден од негативните примери.
Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет предупредува дека формирањето на жолт синдикат со политичка наредба, присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат или квази синдикат не е во интерес на никој друг освен на спроведување на политиката за незголемување на платите на работниците, опасноста од укинување на колелтивните договори и драстично намалување на работничките права, поради тоа што таквиот жолт синдикат нема да работи во интерес на работниците туку ќе работи во интерес на својот газда !
Последен таков пример на помагање и создавање на квази, жолт синдикат е вештачкото намалување на прагот за утврдување на репрезентативност од 10 на 5% за со сила да се направи репрезентативен еден жолт синдикат.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како полноправна членка на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) продолжува да се бори за заштита и унапредување на работничките права во Македонија!