Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО ЈАВЕН СЕКТОР

Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и поведува штрајк со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос.

Советот на ССМ на седницата одржана на 6 јуни 2022 година врз основа на Предлог Одлуката за повикување и поведување на штрајк донесена од Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, донесе Одлуката за повикување и поведување на штрајк.

Одлуката за повикување и поведување на штрајк , заедно со писмена најава за штрајк е доставена до Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија и Градоначалниците во насока на писмено најавување на штрајкот согласно Законот за работните односи.

Согласно Одлуката за повикување и поведување на штрајк во штрајк стапуваат вработените во јавниот сектор, а штрајкот ќе започне на 22.06.2022 година во 00.00 часот, а штрајкувачите ќе штрајкуваат на своите работни места, а не се исклучува можноста Штрајкот да се одвива и преку изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок .

Штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос:

-склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата.

Рокот за исполнување Барањата наведени во Одлуката за повикување и поведување на штрајк е до 21.06.2022 година.

Потсетуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија уште на 29.07.2021 година до Владата на Република Северна Македонија, Претседател на Влада достави предлог Општ колективен договор за јавниот сектор, а од страна на Владата, КПВРСМ бевме информирани дека во насока на реализација на нашите заложби, дописот со предлогот е доставен на натамошно надлежно постапување до МТСП . Иако се одржаа неколку состаноци по однос на предлогот на ССМ за нов Општ колективен договор за јавниот до склучување не дојде.

Дополнително, Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период бара зголемување на платите за 2806 денари во нето за сите вработени јавен сектор и на локално и на централно ниво согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година. Во оваа насока доставени се Барања до Влада на РСМ, Премиер, Димитар Ковачевски, Вицепремиер Фатмир Битиќи, МТСП, Министер Јованка Тренчевска и Министерство за финансии, министер Фатмир Бесими од 31.03.2022 година.

Предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија со кој бара зголемување на платите на сите работниците е во насока на тоа:

-Основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и - институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје да се зголеми за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.

И покрај неколкуте одржани состаноци на кои беше договорено дека потпишувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор со утврдено зголемување на платите согласно барањата на ССМ и утврдување на методологија за понатамошно зголемување на платите во јавниот сектор ќе се случи со ребалансот на буџетот, но за жал Сојузот на синдикатите на Македонија го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година поднесен од Влада на Република Северна Македонија и констатиравме дека поради фактот што од страна на предлагачот иако се водени преговори помеѓу претставници на Владата и Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор и дадена е согласност од страна на учесниците во преговорите од страна на Владата и знаеле за обврската за услогласување на палатите на работниците во јавниот сектор согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата објавен во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година во истиот и покрај договореното не се предвидени финансиски средства за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор и на таков начин се прави груб обид за изигрување на вработените во јавниот сектор за усогласување на нивните плати.

ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 01.07.2022 година како што е барањето на ССМ и работниците ниту во Законскиот рок за усогласување и на тој начин ССМ како единствен репрезентативен претставник на работниците во јавниот сектор е ставен пред свршен чин и е донесена Одлуката за повикување и поведување на штрајк.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.