Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ИТУЦ, ЛУКА ВИСИНТИНИ ЗАПОЗНАЕН СО СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Претседателот на ССМ, Дарко Димивски и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски остварија средба со Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикатите - ИТУЦ, Лука Висентини.

На оваа средба претставниците на ССМ детално го запознаа Генералниот секретар на ИТУЦ со моменталната состојба на Колективното договарање и социјалниот дијалог во Македонија и нападите кои Владата ги прави врз колективното договарање, за откажувањето на колективните договори, за генералниот штрајк во јавен сектор и за неуставниот правилник кој спротивно на Уставот, Законите и Меѓународните конвенции на трудот го донесе Министерството за труд и социјална политика и со кој се оневозможува секое идно потпишување на нови колективни договори.

Генералниот секретар на ИТУЦ, Лука Висентини ја истакна својата загриженост за упадот во колективното договарање и суспензијата на социјалниот дијалог, а особено истакна дека е недозволиво да се откажуваат Колективни договори како што тоа беше случај во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Од негова страна беше истакнато дека ИТУЦ ќе упати протестно писмо до Владата на Македонија и ќе побара да престане со нападите врз Синдикатите здружени во ССМ, а во спротивно за истото ќе го запознае и Советот на Европа и Европскиот парламент.

Претседателот на ССМ, Димовски и претседателот на УПОЗ, Деаноски на 7 овој месец на покана на Генералниот секретар, Висентини ќе присуствуваат на седница на Извршниот комитет на ЕТУЦ и ИТУЦ во Брисел каде што ќе биде изнесен проблемот на највисоко ниво, за ССМ да ја добие потребната поддршка целокупното меѓународно синдикално семејство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.