Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК СЕ РАДИКАЛИЗИРА, ВЕЛЕШКА КОЛСКА СО БЛОКАДА НА ПРУГАТА СКОПЈЕ - ГЕВГЕЛИЈА ВО ВЕЛЕС

Работниците на велешка „Колска“ кои се дел од јавниот сектор, утре, ќе блокираат возови (железничкиот сообраќај) преку протест што ќе започне во 07:30 часот на железничка станица Велес, а работниците на фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ ќе го изразат својот револт од игнорантскиот однос на владините функционери за проблемите со кои се соочуваат.

Протестот што утре ќе се одржи на железничката станица во Велес со блокада на железничкиот сообраќај во државата го организира основната синдикална организација во фабриката ,,Колска" при СРСВМ во ССМ, а претседателот на ССМ Димовски заедно тимот од ССМ ќе бидат со работниците.

Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се по изразени.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.