Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГИ ПОВИКУВАМЕ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАЗУМ, 72 ЧАСА РАБОТНО ВРЕМЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

Ги повикуваме пратениците да не прават од работниците робови единствено поради тоа што тие робуваат и слугуваат на одредени структури.

Ги потсетуваме дека работниците не ги бирале за да носат закони опасни по безбедноста и здравјето на работниците, не ги бирале за да им создаваат нечовечки услови за работа, не ги бирале за да ги жртвуваат нив наспроти бизнис интересите на поединци.

Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор.

Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри.

Ги повикуваме и пратениците од помалите политички партии да покажат големина и да покажат дека и тие се важни и значајни во парламентот и во општеството и дека тие одлучуваат да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи со кој Македонија се оддалечува од Европската унија и се враќа 137 годни назад во времето.

Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во парламентот за гласање Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.