Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГЛАС НА РАБОТНИЦИТЕ, РЕГИОНАЛЕН СИНДИКАЛЕН Е-БИЛТЕН

ГЛАС НА РАБОТНИЦИТЕ, РЕГИОНАЛЕН Е-БИЛТЕН

Прв регионален синдикален Е-билтен кој започна да се издава од страна на Регионалниот синдикален совет – РСС СОЛИДАРНОСT.

Водени од европските перспективи и препознавањето на заедничкиот интерес, синдикалното движење РСС Солидарност одлучи да ја формализира регионалната соработка на работничките организации. На иницијатива на синдикалните централи од Македонија ССМ и КСС, Словенија ЗССС, Хрватска СССХ, Србија СССС и УГС Независност, Црна Гора ССЦГ и УССЦГ во април 2011 година воспоставена е платформа за соработка со формирање на Регионалниот синдикален совет РСС СОЛИДАРНОСТ што претставува прва и единствена транснационална синдикална мрежа која се фокусира на процесот на приклучување  кон ЕУ.

Европската конфедерација на синдикатите – ETUC, им помага на синдикалните централи од регионот членки на РСС СОЛИДАРНОСТ во градење на капацитетите за дигитален синдикализам  со помош на дигиталните вештини и алатки. Со цел зајакнување на организациските капацитети на синдикатите, унапредување на комуникацијата со членството и јавноста како и да ја зајакнат на улогата во социјалниот дијалог. Силни синдикати се неопходни за обезбедување на квалитетни и достоинствени услови за работа и достоинствена плата.

Во рамките на зголемување на видливоста на синдикатите на регионално ниво излезе првото издание на регионалниот е-билтен ГЛАСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ кој го издава РСС СОЛИДАРНОСТ, а првата тема која се обработува е „Плата која не обезбедува достоинствен живот, најниска плата во регионот“ и во кој може да се најдат информации за состојбата со минималната плата во земјите членки на РСС Солидарност ( Словенија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина).
Е-билтенот ќе им помогне на работниците и синдикатите навремено да се информираат за состојбите поврзани со работничките права од регионот особено од земјите од поранешна Југославија.

Е - билтенот е во електронска форма и истиот има можност да се чита на јазиците земјите од кои доаѓаат синдикатите.

Линкови:
https://onthewaytoeu.net/glas-radnika-broj-1

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.