Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГО СЛУШАМЕ ГЛАСОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ДЕНЕСКА ВО НЕГОТИНО

Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со Претседателот на НСОН Томислав Гиевски ги посетија:

- СОУ „ Св. Кирил и Методиј „ - Неготино

- ООУ ,, Гоце Делчев" - Неготино

- ООУ ,, Страшо Пинџур"-Неготино

Вработените во секторот образование се повеќе го препознаваат ССМ и НСОН како нивен синдикат и во Неготино во огромен број се приклучија кон ССМ и НСОН.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Независен синдикат за образование и наука ќе продолжат со секојдневните посети на основните и средните училишта во Македонија за да одговорат на сите прашања на вработените во обрзованието и да ги слушнат нивните забелешки, барања и предлози, нешто што не е направено подолго време од ниту еден синдикат.

Вработените во обрзованието врз основа на Општиот колективен договор за јавниот сектор потпишан од ССМ добија 10% зголемени плати, добиваат К-15 до крајот на ноември или почетокот на декември како и јубилејни награди, а заеднички со вработените во образованието ќе успееме да обезбедиме унапредување на работнички права за сите работници во секторот образование, без исклучок.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.