Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГРАНСКИОТ СИНДИКАТ НА ПОШТЕНСКИ И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА (СПТОМ) НОВА ЧЛЕНКА ВО ССМ

Претседателството и Советот на ССМ едногласно го прифатија барањето од Гранскиот Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ) за придружување кон ССМ и кон семејството на рамноправни членови, семејството на гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно се залага и се бори за сите работници во сите сектори што е препознаено и од Гранскиот Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ).

Поради потребата од заштита на работниците членови на СПТОМ која во изминатиот период ССМ во името на солидарноста ја овозможуваше на Гранскиот Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ) истата денеска резултираше да се зголеми синдикалното сенејство и ССМ заедно со Гранскиот Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ) заеднички да застанат во одбрана на работнички права на работниците, а работниците членови на Гранскиот Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ) на рамноправна основа слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со СПТОМ и ССМ да ги остварат своите права.

СПТОМ претставува незевисна синдикална организација која ги штити интересите на работниците - свои членови.

Сојузот на синдикатите на Македонија останува отворен за сите синдикати и работници за прикучување кон нашето синдикално семејство на рамноправни членови, зошто само заедно можеме да се избориме за работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.