- Македонски
- English
И САБОТА Е НЕРАБОТЕН ДЕН
Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела по правило трае пет работни дена.
Доколку работникот работел од понеделник до петок полно работно време (8 часа дневно), за работникот денот САБОТА Е НЕРАБОТЕН ДЕН !
Треба да знаеш дека законски можеш да работиш 4,5 месеци прекувремена работа неделно по 8 часа, останатите 7,5 месеци мора да работиш 40 часа неделно 5 дневна работна недела па така и сабота е неработен ден, а покрај додатокот на плата за прекувемени часови +35 %, ќе добиеш и бонус плата за прекувремена работа над 150 часа !
Најчеста злоупотреба на работниците е кога работодавачите ги убедуваат дека треба да работат и во сабота па поради тоа ние работниците се бориме за намалување на полното работно време на 35 часовна работна недела, а со тоа ќе се создадат можности за похумана работна средина и повеќе време за одмор на работниците, за потребите на нивните семејства и сопствен образовен и стручен развој, што е особено важно затоа што човечкиот потенцијал е најважниот ресурс на секоја Држава.