- Македонски
- English

Пред се изненадени сме што на советниците на министерот за економија и на министерот за економија седум месеци им беа потребни, односно од авугст минатата година до денес, да видат дека македонските граѓани и работници се сè по сиромашни.
Методологијата за пресметка на Синдикалната минимална кошничка е непроменета од 2011 година кога за прв пат ССМ почна да ја пресметува за да ги покаже реалните потреби на едно четиричлено семејно домакинство за преживување, а не и за овозможување на нормален живот, но поради високата имфлација со која не се справува добро Владата и поради тоа што 100 денари поради инфлацијата од 16.7% , во џебот на работникот вредат 83,3 денари, во пресметката на Синдикалната минимална кошница ја издвојуваме посебно за граѓаните и работниците да знаат колку им е нагризан буџетот и уште колку пари им недостасуваат за да си ги овозможат основните потреби за преживување.
Доколку владините министри и советници сметаат дека 50.909 денари се премногу за да преживее едно четиричлено семејно домакинство односно 43.900 се доволни за да преживее едно четиричлено семејно домакинство, тоа е навистина лоша владина политика - изјави Слободан Трендафилов за Телевизија 24.
Целата изјава можете да ја погледнете на линкот: