- Македонски
- English
Здравите и безбедни услови за работа се во основата на концептот на МОТ за правото на работниците на достоинствена работа .
Проблемите со безбедноста и здравјето на работното место се глобален предизвик и во оваа насока Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) укажува дека е потребно е да ги следиме европските и светските добри практики на државите кои постигнале значителен чекор напред во оваа област.
Создавајќи пред се правна рамка со која се обезбедуваат достоинствени услови за работа за работниците го зачувуваме нивното здравје , ја поттикнуваме продуктивноста и дирекно влијаеме на намалување на одливот на работна сила од државата во потрага по подобри услови за работа со целосно гарантирање на заштитата на здравјето и безбедноста.
Сметаме дека законите од оваа област во државата мора да се допрецизираат и да се усогласат со европското и светското законодавство како и сериозно да се следи нивната имплементација и реализација .
Особено е значајно да се следи влијанието на новите дигитални технологии на работните места и поврзаноста со можните предизвици за здравјето и безбедноста на работата.
Системите на управување со БЗР мора да се сменат и да се адаптираат на примената на новите работни методи и автоматизацијата на работните задачи.
Дополнително треба да се работи на зголемување на свеста кај работодавачите за важноста на инвестирањето во безбедноста на работните места , затоа што за развојот на економијата и општеството најважни се вложувањата во човечкиот потенцијал и заштитата на неговото здравје и безбедност на работното место.
Превентивните активности на сите чинители во општеството , органите на власта , работодавачите и работниците се најзначајниот дел од активностите за унапредување на состојбата на планот на здравите и безбедни услови за работа , целта е да се превенираат состојбите за да не доједе до случување на несреќи и губење на човечките животи.
Акцентот е ставен на работодавачите тие се должни да ги преземат своите обврски и одговорности и да создадат безбедни работни услови во своите компании, истовремено работниците се должни да ги почитуваат обврските за користење на личната заштитна опрема и правилата за безбедно извршување на работните задачи како и да информираат и укажуваат секогаш кога не се преземени мери за нивна безбедност и заштита .
ССМ организира обуки и советувања за своето членство и работниците на тама на правата и обврските во врска со создавањето на здрави и безбедни работни услови , ги информира и обучува работниците за целосно почитување на закоските одредби за безбедно вршење на работните задачи , како и за можноста од соработка со претставникот на вработените за БЗР , синдикалниот претставник, како и правото на поднесување на пријава до ДИТ секогаш кога се нарушени работничките правата од оваа област .
ССМ се залага проблемите и прашањата во врска со здравите и безбедни услови за работа треба да се регулираат и допрецизираат и со Колективните договори , пред се на ниво на работодавач , во тој случај работодавачот и синдикатот како преставник на работниците заеднички ги регулираат правата и обврските од оваа област согласно конкретните и специфични потреби на компанијата.