
17.2.2017
Во состав на проектот ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”, денеска се одржа состанок на кој присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р живко Митревски, претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, Ангел Димитров и претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски.

Слика 1: Учесниците на состанокот
На состанокот беше разговарано за заклучоците кои произлегоа од студијата направена во врска со функционирањето на бипартитниот социјален дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите како и идните активност кои треба да се превземат со цел натамошно имплементирање на Законот за безбедност и здравје при работа.