Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИМА ЛИ НЕКОЈ ШТО Е ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И НА ПЛАТИТЕ ВО ЦЕЛОСТ ?

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 64.698 денари, за само два месеци по завршување на мерките е зголемена за 2.007 денари, а за една година е згомена за 4.373 денари што потврдува дека животот станува се поскап.

Работниците во Македонија работат, а се сиромашни, односно голем дел од нив не можат да си ги дозволат ниту најосновните производи.

Голем број на работници не само што немаат добиено зголемување на плата, ја немаат ниту добиено платата за месец мај.

Податоците покажуваат дека и покрај растот на минималната плата и на просечната плата, истите се најниски во Европа, односно се на дното !

Во новите Предлог - Закони за административни службеници и Предлог - Законот за вработените во јавниот сектор кои ќе бидат на собраниска седница во петок 27.06.2025 година, не се предвидени покачување на платите на административните службеници.

Во октомври е најавено дека во Србија, Владата ќе ја зголеми на 500 евра, а од јануари наредната година и на 550 или 600 евра, па така во соседството минималната плата ќе почнува од 550 или 600 евра во Србија, 600 со 800 евра во Црна Гора, 600 евра во Босна и Херцеговина, а во Македонија ?!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.