Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО ПЕТОК ВО ПОШТА ИЛИ ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА

Заклучок од состанок на Претставници на Синдикалните организации и Претседателот на ССМ со претставници на Владата – Министер за транспорт и врски и Генерален директор на А.Д. Пошта на РСМ.

На средбата се донесени следните заклучоци :

1. Договорено е со Владата исплата на септемвриската плата да биде исплатена најдоцна до петок 28.10.2022г , а наредните плати да бидат исплатени во законски предвидениот рок .

2. Министерството за транспорт и врски се обврзува да достаави информација до Владата за наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на А.Д Пошта на РСМ, согласно измените на Законот за поштенски услуги.

3. Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето во А.Д. Пошта на РСМ кој ќе започне веднаш со рок на реализација до 31.12.2022година

4. Управниот одбор на А.Д. Пошта на РСМ ќе започне со изготвување на нова Систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.

5. Владата ќе препорача на Агенција за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правните субјекти кои немаат добиено општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено од Агенција за пошти.

6. Се задолжува А.Д. Пошта на РСМ да направи план за намалување на непродуктивните расходи , рационализација согласно препораките на Владата.

7. На состанокот беше потврден заклучокот донесен од Управниот одбор дека нема да има отпуштања од работа , технолошки вишок, принуден одмор и намалување на платата на вработените.

Став на Синдикалните организаци:

Синдикалните организации на средбата го истакнаа ставот дека доколку не се почитуваат заклучоците од денешнава средба, особено за исплата на септемврирската плата до 28.10.2022г , веднаш наредниот ден ќе стапат на генерален протест пред владата , како и во нареден период доколку не се почитува законскиот рок за исплатана плата, а тоа е до 15- ти во месецот, Синдикалните организации веднаш наредниот ден ќе преземат радикални мерки со организација на протест и прекин на работата согласно законските регулативи.
На средбата од страна на Министерот се даде директива до Управено одбор уште во Понеделник ,Генераниот директор да свика состанок со Директорите на Подружниците и раководството за да ги пријават сите работници кои не идат на работа а земаат плата и за истите се преземат мерки согасно законските регулативи.

Истот така, на средбата е договорено веднаш Управниот одбор со Синдикалните организации да ги започнат постапките за нова систематизација , нова реонизација , потпишување на нов Колекивен договор и реорганизација на Пошта, за кој се даде рок за реализација до 31.12.2022г .

Со оглед на горе донесените заклучоци со кои во целост се прифатени барањата на вработените, Синдикалните организации донесоа став предупредувачкиот протест да се стави во мирување до 28.10.2022г , доколку не се исплати плата до Петок 28.10.2022г , Синдикалните организации , веднаш наредниот ден 29.10.2022г сабота) со организација на вработените од сите Подружници ќе излезат на Генерален протест пред Владата

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.