- Македонски
- English

По четирите протести на вработените од ДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје на 14.08.2025 година во просториите на СУТКОЗ се одржа состанок на кој присуствуваа Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и директорот на ЈП Паркови и зеленило Скопје Јетон Бучи, и денеска 19.08.2025 година согласно презентираната динамика од страна на директорот за исплата на плати е исплатена Јунската плата на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.
Јулската плата за вработените во овие две фирми основани од ЈП Паркови и зеленило Скопје како што сме известени од директорот ќе биде исплатена во исто време кога ќе им биде исплатена и на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје односно за неколку дена.
Се очекува по финансиската стабилизација и добивањето на субвенциите кои беа изгласани од Советот на град Скопје нареднта плата односно плата за месец август за сите вработени во ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје да се исплати во законски предвидениот рок.