- Македонски
- English

Како што предходно беше договорено на состанокот на 26.10.2022 година, септемвриската плата е исплатена во текот на вчерашниот ден, а ССМ и синдикалните организации во Пошта очекуваат наредните плати да бидат исплатени во законски предвидениот рок.
Останува во наредниот период да се забрза спроведувањето и на останатите заклучоци кои заеднички беа договорени помеѓу претставници на Синдикалните организации и Претседателот на ССМ со претставници на Владата – Министер за транспорт и врски и Генерален директор на А.Д. Пошта на РСМ.
Синдикатите и работниците во Пошта со поддршка од ССМ во изминатиот период го изразија своето незадоволство и протестираа, а беа подготвени да излезат и на генерален протест.