- Македонски
- English

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ како потписник на Гранковиот колективен договор за здравствената дејност на РМ кој опфаќа 15000 вработени, остро реагира на изјавата на Вицепремиерот Фатмир Битиќи во синоќешното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител за непотпишување на Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ со кој треба да се зголемат платите на вработените во дејноста, а за кој се водат преговори од месец октомври минатата година со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.
Самостојниот синдикат денес побара итни средби со Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и доколку истите не се реализираат до крајот на оваа недела, во петок 17.03.2023 година ќе се одржи седница на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ на која ќе се донесе одлука за натамошни порадикални активности.