Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Избран секретаријат на секцијата на жени

На 30 јуни се одржа седница на Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија. На седницата се избрани пет членови на Секретаријатот, конституиран е Извршниот одбор и се утврдени насоките за идните активности на секцијата..

Ова е прва седница на Секцијата на жени после одржувањето на Третата конференција на 9 јуни во Охрид. На конференцијата во Охрид се усвои Програма за работа, додека за претседател е избрана Елизабета Гелевска, секретар на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ),

На 30 јуни во продолжение на седницата е одржан семинар “Родовата еднаквост во Република Македонија и законската регулатива поврзана со родовата еднаквост“, на која предавач беше Виолета Димовска, членка на Извршниот одбор на Секцијата на жени.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.