Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Избрани четири потпретседатели на претседателството

На 50 – та седница на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, која се одржа на 20 мај, даден е предлог за именување на секретар на Советот на ССМ, додека донесена е одлука за именување на четворица потпретседатели.

Идејата е да се форсира тимската работа, поефикасното и поефективното работење на Сојузот. Концепцијата е во склад со светските трендови и организациски шеми на модерното синдикално движење, кон што се стреми и македонското синдикално движење, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски.

Тимската работа, како темелен концепт на новиот начин на работа во ССМ, беше најавена како приоритет веднаш со доаѓањето на новото раководството на ССМ.

На седницата на Претседателството за секретар на Советот на ССМ е предложен Анѓелко Анѓелковски, кој е претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и текстилната индустрија на РМ (СТКЧ).

Потпретседател задолжен за приватниот сектор е Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (СГИП).

За потпретседател за јавниот сектор е поставен Тихомир Климовски. Климовски е претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија, е потпретседател за организациски развој.

Живко Даневски, претседател на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) е потпретседател за колективно преговарање и договарање и економски прашања.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.