- Македонски
- English

Прва причина е тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница од јануари 2024 до јануари 2025 година е зголемена за околу 6.500 денари, а по завршување на мерките на Владата истата е зголемена за дополнителни 2.000 денари или на едно семејство му недастосуваат околу 150 евра за овозможување на најосновните услови за живот.
Втора причина е тоа што 55,7 % од граѓаните односно работниците во Македонија според податоците на Евростат не можат да си дозволат годишен одмор во траење од 7 денови, ниту во бунгалов во Дојран.
Трета причина е тоа што минималната плата во Македонија е најниска во регионот, па така минималната плата во Србија од октомври ќе изнесува 500 евра или за 100 евра повеќе, минималната плата во Босна и Херцеговина веќе изнесува 511 евра или за 111 евра повеќе, а во Црна Гора минималната плата ознесува 600 со 800 евра или за 200, односно 400 евра повеќе од минималната плата во Македонија,
а четврта причина е тоа што пратениците покажаа дека на шверцерски начин, преку ноќ, без расправа и консултации го сменија Законот за рабтните односи за удоволување на еден синдикат за истиот да стане репрезентативен, како да е најважна репрезентативноста, а не работничките плати, па можат по истата формула да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за 100 евра ќе се зголемат и останатите плати.
ССМ ги повика другите синдикати јавно да се изјаснат чија страна ќе ја бранат – дали онаа на Владата, која тврди дека платите се доволни или на работниците, кои едвај врзуваат крај со крај?