- Македонски
- English
ПРОТЕСТИ И ШТРАЈКОВИ 2024:
1. Поддршка на ССМ на вработените во ЈСП и СРСВМ преку собир одржан пред Советот на Град Скопје на 23 Јануари 2024 година
· Прекин во работењето на целиот возен парк на ЈСП
· Јавно истакнато барање до сите одговорни лица во Градот Скопје за донесување на итно и неодложно Одлука за обезбедување на средства за исплата на платата на вработените во ЈСП.
2. Поддршка на ССМ на дво-часовниот протест на Синдикатот на Македонска пошта и вработените во „Македонска пошта“ на 18 Март 2024 година
· Истакнато барање за промена на долгогодишната лоша кадровска политика и менаџирање со Поштата
· Барања до Владата и до раководството на компанијата за итно реформирање и реорганизирање на акционерското друштво
· Барање за исплата на февруарската плата
· Изразена загриженост за опстојувањето и иднината на компанијата, како и за зачувување на работните места места на работниците и обезбедување на егзистенција за нивните семејства
· Критика на состојбата каде постои недостаток на работници во технолошкиот процес, онаму каде што најмногу се потребни работници, а тоа се разнесувачи на пошта, шалтерски и други работници, а од друга страна преголема вработеност во административниот сектор на компанијата.
· Барања за изготвување нова систематизација, нов колективен договор, реонизација на поштенските реони, технолошка модернизација, како и измени во Законот за поштенски услуги, подобри услови за работа и средства за работа
· Барање за решавање на статусот на договорните поштари кои со години работат без здравствено осигурување и за минимална плата
· Зголемување на платата и нејзино редовно исплаќање
3. Протест на ССМ на 2-ри Април пред Врховниот Суд на РСМ, како реакција на незаконитиот обид за одземање на ССМ- Работнички Дом со скандалозната Пресуда на судиите од Врховниот Суд на РСМ
· Протест на потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) пред зградата на Врховниот суд
· Истакнато јасно барање за неодложно враќање на владеењето на правото во државата и функционирањето на правна држава
· Барање за зачувување на имотот на Синдикатот кој потекнува од синдикалните членарини и веднаш поништување на одлуката со која им се овозможи на олигарсите и државните преставници на незаконит начин да го одземат Работничкиот Дом како и барање за негово итно враќање на вистинскиот сопственик односно Сојузот на Синдикатите на Македонија.
4. Заеднички протест на Сојузот на синдикатите на Македонија и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија заедно со членовите – вработените во здравство на 8-ми Април 2024 година
· Протестот започна пред Работничкиот дом и заврши пред Министерството за здравство
· Изразување на незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот Синдикат за здравство, а со кој треба да се зголемат платите на сите вработени во дејноста
· Барање за соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот
· Истакната порака за поголем и поброен протест доколку барањата не се исполнети.
· Повик на Сојузот на синдикатите на Македонија за учество на големиот работнички протест на 1 Мај на сите работници кои не добија усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата
5. Поддршка на ССМ на Протестот за плата на работниците од Македонски Шуми и СГИП на 17-ти Април 2024 година
· Протест на вработени во 30 подружници на ЈП „Национални шуми“ пред дирекцијата на претпријатието
· Истакнато барање за исплата на плата и исплата на теренски додаток на 1.800 вработени
· Истакната критика до Менаџментот на претпријатието и Владата на РСМ за нерационално трошење на милионски суми кога не се обезбедени средства за платите на работниците
· Истакнато критика за лошата пракса на постоење на сезонски вработувања од 10 месеци годишно и барање за вработените да работат 12 месеци, да земаат плата и да им бидат платени придонесите редовно
· Истакната порака за поголем и поброен како и за радикализирање на протестот доколку барањата не се исполнети.
6. Поддршка на ССМ на Протестот во организација на Синдикатот на културата на Република Македонија на 19-ти Април 2024 година
· Барање за исплата на мартовската плата согласно Колективните Договори
· Јасен повик за непрекинато и непречено спроведување и почитување на Колективниот Договор за културата како и барања на сите културни работници за добивање на сите права кои им следуваат согласно горенаведениот Колективен договор.
· Опструкцијата на Колективниот Договор за културата да сопре веднаш!
7. Поддршка на ССМ на Протестот за плата во организација на Агро-Синдикат/ Agro-Sindikat и Синдикалната организација на АД Водостопанство на 19-ти Април 2024 година
· Протест пред дирекцијата на АД Водостопанство и воедно во сите 14 подружници на ова акционерско друштво
· Барање за префрлање на средства за плати и трошоци за гориво, електрична енергија и резервни делови со цел да се подготват и одржуваат каналите за наводнување и одводнување, цевководите за достава на сурова вода
· Барање за исплата на мартовската плата
· Истакнување на проблемот со ненаплата на водните услуги од општините корисници кои должат милионски суми
8. Поддршка на ССМ за Синдикатот на УПОЗ и протестот на вработените во Фондот за здравствено осигурување на 30-ти Април 2024 година
· Барање да се усогласат платите на 830 вработени лица согласно растот на минималната плата
· Барање да се донесе Одлука со која ќе се потврди сегашната вредност на бодот за платите на вработените
· И покрај Штрајкот одржан во месец Февруари барањата не се исполнети
· Најава за повторно активирање на Штрајкот
9. ГОЛЕМ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ
· Првомајскиот протест започна во 11 часот пред Работничкиот дом каде што се собраа повеќе од 5.000 членови на синдикатите здружени во ССМ, членовите на синдикатите здружени во КСОМ, активисти и борци за работнички права, работници, пензионери и граѓани.
· Со почеток пред Работничкиот Дом, па со продолжување кон Собранието, Стопанската комора и кој заврши пред Владата.
· Јавно истакната критика и реакција на сето она што се случуваше во изминатиот период во кој преку судот се направи обид да се изврши притисок врз синдикатите за нивно уништување, во кој се дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за нивно замолкнување и потикнување понизност
· Истакната порака дека синдикатите, работниците, граѓаните, пензионерите сме тука денеска за да покажеме и да им пренесеме на оние кои се обидуваат да ни наштетат дека колку повеќе не напаѓаат и пробуваат да ги уништат синдикатите толку посилни не прават.
10. Поддршка на ССМ на Протестот за плата на Синдикатот на Македонска пошта и вработените во „Пошта на Северна Македонија на 22-ри Мај 2024 година
· Барање за исплата на платите како и изразување на револт и загриженост за иднината на компанијата и за зачувување на работните места на работниците, поради огромна финансиска криза и лошата организација на работењето
· Барање за престанок на партизираната кадровска политика која ја уништила Македонска пошта
· Најава на штрајк
11. Поддршка на ССМ за поранешните вработени во ФЕНИ ИНДУСТРИ и Претставниците на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) на 03-ти Јуни 2024 година.
· ССМ со поддршка на СИЕР во преговорите со новиот газда на поранешно „Фени“ во Кавадарци, а се со цел обезбедување на поголеми работнички права.
· Преговори за околу 800 работно ангажирани кои работеле кај некогашниот гигант
· Формирање на комисија за преговори околу платите, од менаџерскиот кадар, од синдикатот, човечки ресурси, а се со цел да се земат сите аспекти предвид и да се постигне договор
12. Поддршка на ССМ на Протестот на Независен синдикат за образование и наука ( НСОН) за зголемување на платите во дејноста образование на 02-ри септември 2024 година.
• Истакнато барање на НСОН за почитување на колективните договори.
• НСОН продолжува да биде единствен заштитник на правата и угледот на просветните работници со барање за зголемување на платите согласно порастот на минималната плата.
ШТРАЈКОВИ:
1. Поддршка на ССМ за Синдикатот на УПОЗ и вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за најавениот и спроведен Штрајк со почеток од 02-ти Февруари 2024 година
· Причина е донесениот Заклучок на Владата на РСМ со кој се препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените за 21%
· Опасност на вработените да им биде исплатена плата под минималната плата што е спротивно на Законот за минимална плата
· Барање за исплата на платите на вработените со договореното покачување од 15%.
2. Поддршка на ССМ за Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и вработените во „Национални шуми“ за најавениот и спроведен Штрајк со почеток од 07-ми Март 2024 година
· Одлука за Штрајк на сите претставништва во 30 градови во државата на “Национални шуми“.
· Штрајк за исплата на двете заостанати плати како и за редовна исплата на платите во иднина, а дел од барањата се исплата на теренскиот додаток, како и исплата на другите додатоци на плата утврдени со Закон и Колективен договор
· Најава за траење на Штрајкот до остварување на правата, а тоа се навремена исплата на плата со сите додатоци!
· Најави за Протести како дел од Штрајкот.
3. Поддршка на ССМ за Синдикатот на УПОЗ и вработените во Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ) за најавениот и спроведен Штрајк со почеток од 03-ти Септември 2024 година
· Повторно отпочнување на Штрајкот по потпишаната Спогодба за ставање на штрајкот кој се одвиваше во 2023 година во мирување, поради неисполнување на барањата на работниците иако работодавецот се согласи на истите
· Барање да се зголемат платите на вработените
· Барање да се престане со вршење на притисок врз вработените кои штрајкуваат и да престанат заканите за нивно отпуштање од нивните работни места доколку штрајкот продолжи
· Барање да се исполни превземената обврска од страна на работодавачот односно да биде потпишан Колективниот договор како и да се направат измени и дополнувања во Законот за МАНУ за конечно решавање на проблемот со платите.
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА !