Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИЗНАОЃАЊЕ НА МЕХАНИЗМИ ЗА ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА НЕФОРМАЛНОТО ВРАБОТУВАЊЕ ТЕМА НА СОСТАНОКОТ ПОМЕЃУ ССМ, ЦРПМ И ГИЗ

Денеска, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, шефот на кабинетот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и советникот Кристина Јордановска остварија средба со Извршната директорка на ЦИКП Center for Research and Policy Making , д-р. Марија Ристеска, Оливер Начевски од ГИЗ GIZ North Macedonia и Кристијан Трајковски од ЦИКП.

На состанокот, претставниците од ЦИКП и ГИЗ ги информираа претставниците на ССМ за активностите кои ги спроведуваат во поглед на реформата за поедноставено работно ангажирање на работници со привремени, повремени и сезонски работни ангажмани и за предвидените активности во оваа насока кое ќе се спроведуваат во иднина.

Претставниците на ССМ ги изнесоа своите ставови и загрижености во поглед на реформата која доколку не биде спроведена соодветно на потребите и барањата на работниците може да доведе обратен процес и наместо формализација на неформалната работа, формалната работа да стане неформална и на тој начин главни губитници да бидат работниците.

Беше договорено дека во наредниот период заеднички ќе биде пристапот на креирање на реформата која треба да даде значаен придонес во формализирањето на неформалната работа, а главна цел да биде заштита на интересите на работниците и заштита на нивните работнички права, а за што ќе биде потребно значаен придонес да дадат сите надлежни државни институции.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.