- Македонски
- English

ИЗВЕСТУВАЊЕ
од Основната синдикална организација на вработените во Агроплод АД Ресен.
Ве известуваме дека вработените во Агроплод АД Рсен немаат примено плата по превземањето на управување со друштвото Агроплод АД Ресен од страна на акционерот Ѓорѓи Китиновски, заедно со претставникот на државниот капитал на РМ, на одржаното Собрание на акционери од 19/07/2010 година. Вработените се доведени на работ на социјалната егзистенција, со неисплата на плати за повеќе месеци наназад. Вработените се загрижени за нивната состојба во која се доведени не по нивна вина, како и за судбината на друштвото Агроплод АД Ресен. Основната синдикална организација го повика менаџментот на состанок кој ќе се одржи во петок, 29/10/2010 година, за што се очекува ваквите состојби да се надминат или ублажат. Во спротивно ќе бидат превземени други дополнителни соодветни мерки за заштита на правата на вработените кои им следат соодветно позитивните законски прописи.
Претседател на основната синдикална организација
Живко Наумовски