Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗРО ВО СТРУМИЦА, ССМ ЕДИНСТВЕН ЗАШТИТНИК НА РАБОТНИЦИТЕ

Денеска, во Струмица продолжи јавната расправа за новиот Закон за работните односи.

Сојузот на синдикатите на Македонија на расправите учествува на највисоко ниво и на денешната јавна расправа учествуваше Претседателот на ССМ, Дарки Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златло Цветковски, потпретседателот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски, секретарот на РСП Струмица, Бранко Георгиев, претставници од ССМ и претставници на гранските синдикати здружени во ССМ кои ги истакнаа главните забелешки на предложеното нацрт решение за нов Закон за работните односи.

За жал лидерите на останатите синдикати веројатно сметаат дека не треба да се борат за работничките права преку новиот Закон за работните односи па истите не учествуваат на овие расправи, па доколку не се претставниците на ССМ да укажат на кратењето на равотничките права, МТСП ќе ги спроведе сите замисли со кои се уназадуваат работничките права преку нацрт текстот на Законот.

Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен репрезентативен синдикат во државата и е активен учесник на сите расправи за подготовка на нов Закон за работните односи сметано од 2018 година.

ССМ единствен од социјалните партнери изготви нов текст на Законот за работните односи и го предложи до Министерството за труд и социјална политика уште во февруари 2018 година.

Голем дел од барањата веќе се дел од работната верзија на тектот на Законот за работните односи но за жал за неколку клучни барања и забелешки, иако издржани се уште во тектот не се променети.

Главна цел на новиот Закон е да се унапредат работничкиите права, а не да се прави шминка и истите да се враќаат на ниво од пред неколку години па така:

- Траењето на Договорите за вработување на определено време наместо да се утврди на максимум до една година, МТСП во текстот предлага истите да се склучуваат на две години и на тој начин наместо да ги унапреди правата ги враќа на нивото пред 10 години кога и се склучуваа на две години иако знае дека според последните податоци од АВРМ и Државниот завод за статистика, Договорите за вработување на определено време се за ¼ повеќе од договорите за вработување на неопределено време и истите беа главна причина за отпуштања на работниците во време на криза во изминатите две години.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.