Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ПРИЛЕП ДОБИВААТ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ

Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски оствари средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во врска со барањата на штрајкувачите за усогласување на платите за 2806 денари согласно порастот на минималната плата.

Договорено е во текот на утрешниот ден СУТКОЗ да ги достави спогодбите за зголемување на платите кои ќе треба да ги потпишат Директорите на јавните претпријатија и Претседателите на синдикалните организации на СУТКОЗ при ССМ и со тоа на вработите во ЈКП Водовод и канализација Прилеп, ЈКП Комуналец Прилеп, ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ - ПРИЛЕП-ЈП за ПУП Прилеп и ЈКП Пазари Прилеп да се зголемат односно усогласат за 2806 денари.

Градоначалникот Јовчески е на страната на работниците и овие активности ќе се спроведат во најбрз рок.

Локалната власт има разбирање за барањата и потребите на работниците, за разлика од централната власт.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.