Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

К-15 Е ПРАВО ОБЕЗБЕДЕНО ОД ССМ СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

К-15 Е ПРАВО ОБЕЗБЕДЕНО ОД ССМ СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Сојузот на синдикатите на Македонија за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор преку Општиот колективен договор за приватниот сектор и преку Општиот колективен договор за јавниот сектор обезбедил право на регрес за годишен одмор (К-15).

ССМ во член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството обезбедил регресот за годишен одмор да се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата или 18.141 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

ССМ во член 21 од ОКД за јавниот сектор обезбедил, вработените во јавниот сектор да имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата или 12.372 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Потсетуваат дека на барање на ССМ, регресот за годишен одмор како даночно признат расход за цели на данок на добивка изнесува 54.544 денари (Податокот за регрес за годишен одмор е бруто износ во кој е содржан и данокот на личен доход ) и дека ништо не ги спречува работодавачите да исплаќаат регрес во висина од 80% од просечната плата.

Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови, регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ !

Таму каде што ССМ има членови, има и К-15, има и почитување на Колективните договори, а таму каде што нема синдикат, газдите си мислат дека можат да газат преку работниците и затоа ССМ ги охрабрува сите работници во приватниот и јавниот сектор да се приклучат кон синдикатот и да си ги заштитат своите права, бидејќи никое од работничките права не им е подарено, за секое се имаме изборено нагласуваат од ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.