Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

К-15 Е ПРАВО ОБЕЗБЕДЕНО СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

К-15 Е ПРАВО ОБЕЗБЕДЕНО СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Сојузот на синдикатите на Македонија за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор преку Општиот колективен договор за приватниот сектор и преку Општиот колективен договор за јавниот сектор обезбеди право на регрес за годишен одмор (К-15).

ССМ во член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството обезбедил регресот за годишен одмор да се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

ССМ во член 21 од ОКД за јавниот сектор обезбедил, вработените во јавниот сектор да имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а регресот за годишен одмор за 2023 година изнесува 10 000 денари, во нето износ.

Со право на регрес за годишен одмор (К-15) за прв пат се стекнаа вработените во здравството, образованието, полицијата, армијата и сл., со што ССМ исправи една голема неправда спрема нив.

Износот на регрес за годишен одмор (К-15) во општите колективни договори склучени од ССМ е основата на која синдикатите преку гранските колективни договири или колективните договори на ниво на работодавач можат да утврдат и повисок износ за регрес за годишен одмор (К-15) на што ги охрабруваме.

----------------

Работодавачот ти го прекршува ова твое работничко право

ПРИЈАВИ ГО ГАЗДАТА АНОНИМНО

Кога пријавуваш прекршено работничко право анонимно, ниту ССМ ниту Државниот инспекторат за труд нема да имаат информација за подносителот(за тебе)

Пријавата ќе биде потпишана од Претседателот на ССМ, а во тој случај ДИТ постапува веднаш

Искористи ја првата бесплатна мобилна апликација преку која можеш

да пријавиш прекршено работничко право за себе и за друго лице

да пријавиш анонимно

да комуницираш директно со ССМ

да следиш најнови вести и совети од ССМ.

Преземи ја новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права

Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB

App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.