- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор преку Општиот колективен договор за приватниот сектор и преку Општиот колективен договор за јавниот сектор обезбеди право на регрес за годишен одмор (К-15).
ССМ во член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството обезбедил регресот за годишен одмор да се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата или 16.570 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
ССМ во член 21 од ОКД за јавниот сектор обезбедил, вработените во јавниот сектор да имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата или 11.000 денари, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ !
Само заедно, можеме да се избориме за нашите работнички права.