Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

К-15 НЕ СЛЕДУВА ПО ЗАКОН, УТВРДЕН Е СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

К-15 НЕ СЛЕДУВА ПО ЗАКОН, УТВРДЕН Е СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Сојузот на синдикатите на Македонија за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор преку Општиот колективен договор за приватниот сектор и преку Општиот колективен договор за јавниот сектор обезбеди право на регрес за годишен одмор (К-15).

ССМ во член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството обезбеди регресот за годишен одмор да се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

ССМ во член 21 од ОКД за јавниот сектор обезбеди, вработените во јавниот сектор да имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а регресот за годишен одмор за 2023 година изнесува 10 000 денари, во нето износ.

Со право на регрес за годишен одмор (К-15) за прв пат се стекнаа вработените во здравството, образованието, полицијата, армијата и сл., со што ССМ исправи една голема неправда кон овие работници.

Износот на регрес за годишен одмор (К-15) во општите колективни договори склучени од ССМ е основата на која синдикатите преку гранските колективни договири или колективните договори на ниво на работодавач можат да утврдат и повисок износ за регрес за годишен одмор (К-15) на што ги охрабруваме.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.