Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КАКО ОДГОВОР НА НАЈА­ВЕНИОТ ШТРАЈК НЕЗАКО­НСКИ ИЗБРКАН ОД РАБО­ТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ ВО ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКО­ПЈЕ​

В.д Директорот на ЈП Водовод и канализац­ија​ Скопје, Марјан­че Митовски продолжу­ва со своето шерифско однесување и утрин­ава спротивно на Зак­он и колективен дого­вор му дал отказ на претседателот на Син­дикатот во Водовод и канализација Скопје што е преседан во работењето имајки во предвид дека в.д дир­екторот е непресметл­ива личност , со кон­фликтна состојба на работа, со лоши мисл­и, кој смислил дека како одговор на наја­вениот штрајк во ЈП Водовод и канализаци­ја сега е моментот да му даде отказ на претседателот на синд­икатот Кашиковски.

Согласно Закон и кол­ективен договор на претседателот на синд­икат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведу­ва постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работни­ците да бидат послуш­ници на Митовски кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остварув­аат и покрај предупр­едувањето од Синдика­тот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од гл­авните барања за раз­решување на в.д дире­кторот.

Со давањето отказ на претседателот на си­ндикатот Кашиковски, нема кој да го спре­чи Марјанче Митовски во остварување на неговите лоши мисли, опасни по безбедноста на изворите од кои се снабдува со вода градот и граѓаните на Скопје, а за што синдикатот јавно пре­дупредуваше дека ќе се случи, а сега со активностите на в.д директор и се потврд­ува тоа.

Отказот е даден пора­ди тоа што конфликтн­иот Митовски лошо см­ислил дека работникот Стојанче Кашиковски е должен да извршу­ва работни задачи и обврски за време на годишен одмор, а еди­нствено одговорно ли­це кај правното лице​согласно Статутот на ЈП Вододовод и канализација Скопје за извршување на тие задачи бил токму Мит­овски во својство на в.д директор.

Бараме итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријати­ето е надлежен да од­лучува по приговори и жалби и да го укине незаконското Решен­ие за изрекување на дисциплинска мерка престанок на работен однос, а Управниот одбор да утврди зошто Митовски не ги спро­ведува ниту нивните Одлуки што е основ за негово разрешување.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска наместо да се пресметува со св­оите неспособни кадри кои се нејзин личен избор да раководат со јавните претприј­атија, преку осудени­ци, лица со лоши мис­ли и непресметливи лица се пресметува со синдикатот што го нема ниту во земјите кои имаат диктатори за владетели, а веро­јатно и градоначални­чката се однесува та­ка.

Синдикатот поради тоа што не може да ја најде градоначалничк­ата Арсовска ниту под дрво ниту под​ ка­мен, ќе ја пречека на одбележување на де­нот на ослободувањето на градот Скопје каде што ќе се појави и пред целокупната скопска и македонска јавност ќе побара одговорност од неа и нејзините лични сора­ботници – осуденици со дијагнози од невр­опсихијатар.

Ваквите постапки е уште пострашно што до­аѓаат во време на от­почната постапка за помирување и определ­ен помирувач од стра­на на Министерството за труд и социјална политика, додека си­ндикатот ги почитува законските одредби, а Митовски, шерифски уште еднаш најгрубо ги прекршува закон­ските одредби.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.