Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Каранфиловски: До крај на следната недела очекуваме потпишување на анексот на колективниот договор за платите на медицинските лица

Најдоцна до крај на наредната недела очекуваме потпишување на анексот на колективниот договор за зголемување на плати на медицински лица, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, по денешната средба со министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Целта ни беше да го информираме министерот со анексот на колективниот договор за покачување на платите за вработените во здравство. За нас како синдикати е многу битно, бидејќи ова покачување ќе се однесува за сите вработени во здравство. Има одредени финансиски импликации, тоа му го кажавме и на министерот и сметам дека тој, заедно со неговиот тим и со Фондот за здравство ќе успееме да се изнајдат овие средства и се надевам дека следната недела ќе дојдеме во ситуација да го потпишеме и овој анекс на колективниот договор. Покачувањето на платите е неминовност. Ако не се случи тоа, ќе се дојде во ситуација, медицинска сестра со средно образование да има иста плата со минималната. Тој апсурд нема да се случи. Покачувањето е во линеарен износ, различен, од три илјади денари, две ипол, две, зависи од структурата на вработени. Покачувањето ќе значи позитивно придвижување“ - подвлече Љубиша Каранфиловски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.