Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЌЕ СЕ БОРИМЕ ВО 2025 !

Со изборот на новата Влада на државата, ССМ ги испорача своите барања во насока на унапредување на работничките права, а дел од нив веќе заеднички ги обезбедивме за работниците, како што беше случајот со зголемување на платите во здравство и зголемување на платите во образовение, потпишаните колективни договори на ниво на работодавач исплата на јубилејните награди, исплата на регресот за годишен одмор и сл..

Барања кои ќе бидат приоритет на ангажманот на ССМ во наредната 2025 година се:

- Градење на системско решение и обезбедување на континуиран пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор врз основа на егзистенцијалните потреби на работниците и нивните семејства и реалната состојба на економските и пазарни параметри, економскиот развој, инфлацијата, трошоците на живот и цените на основните животни продукти.

- Зголемување на платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор

- Минимална плата во износ од најмалку 450 евра како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила во Државите од регионот.

- Исплата на трошоци за храна на сите вработени во висина од 20% од просечната плата

- Исплата на трошоци за превоз на сите вработени во висина на реалните трошоци за доаѓање и враќање од работа

- Потпишување на Општиот колективен договор за приватниот сектор

- Ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година и преферирање на работата на неопределено време како одраз на егзистенцијалната сигурност на работниците

- Право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа

- Намалување на полното работно време на 35 часовна работна недела, а со тоа ќе се создадат можности за похумана работна средина и повеќе време за одмор на работниците, за потребите на нивните семејства и сопствен образовен и стручен развој, што е особено важно затоа што човечкиот потенцијал е најважниот ресурс на секоја држава.

- Укинување на 72 часовната работна недела за работа на стратешките проекти ( изградба на Коридорите 8 и 10д ) воведени без социјален дијалог со злоупотреба на Европското знаме за заобиколување на процедурите во Парламентот за да нема консултации со социјалните партнери и синдикатите.

- Зголемено породилно отсуство , поголеми родителски права и поголеми права и флексибилност за усогласување на семејните прилики и потреби на работниците со потребите на работниот процес

- Целосно почитување на правата од работен однос со посебен акцент на лицата кои работат на онлајн платформи кои ги има се повеќе, а се надвор од системот на грижа и социјална сигурност

- Здрави и безбедни услови за работа согласно новите актуелни техники и технологии применети на работните места

- Целосно информирање и консултирање на работниците и синдикатите во компаниите за сите прашања поврзани со економско социјалната положба на работниците

- Унапредување на синдикалното организирање и колективно договарање и јакнење на социјалниот дијалог на сите нивоа

- Враќање на Работничкиот дом на ССМ на работниците

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.