Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ПЛАТЕН НА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Минималната плата од 18.000 денари согласно Закон може да биде исплатена единствено на работник кој нема минимум една година работен стаж, не работел во недела, не работел прекувремена работа, на празник или друг неработен ден и не работи во смени.

Минимална плата од 18.000 денари е најнискиот месечен износ на ОСНОВНАТА ПЛАТА која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Платата е составена од: - основна плата; - дел од плата за работна успешност, и – додатоци.

ОСНОВНАТА ПЛАТА не може да биде пониска од минималната плата 18.000 денари која е утврдена со закон.

Основната плата (Минималната плата од 18.000 денари) на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.

МИНАТИОТ ТРУД СЕ ПРЕСМЕТУВА КАКО +ИЗНОС НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ, А НИКАКО КАКО ДЕЛ ОД НЕА

Пример:

Ако работиш за минимална плата од 18 000,00 ден. минат труд се пресметува на следниот начин

со пет години стаж или 2,5% платата треба да ти изнесува 18 450,00 ден.

со десет години стаж или 5% платата треба да ти изнесува18 900,00 ден.

со петнаесет години стаж или 7,5% платата треба да ти изнесува 19 350,00 ден.

со дваесет години стаж или 10% платата треба да ти изнесува 19 800,00 ден.

со дваесет и пет години стаж или 12,5% платата треба да ти изнесува 20 250,00 ден

со триесет години стаж или 15% платата треба да ти изнесува 20 700,00 ден

со триесет и пет години стаж или 17,5% платата треба да ти изнесува 21 150,00 ден

со четириесет години стаж или 20% платата треба да ти изнесува 21 600,00 ден

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.