- Македонски
- English

На сила се создава жолт синдикат КСС кој треба да ги аминува сите лоши политики на штета на работниците.
За да нема Општ колективен договор за јавниот сектор, за да нема јубилејни награди и К-15, за да нема пресметка на плата по функционерската методологија - просечна плата по коефициент на сложеност, за да не се зголеми минималната плата на 500 евра и за да не се зголемат останатите плати, прво се правеше упад во синдикалното движење во Македонија, потоа без социјален дијалог се намали прагот за утврдување на репрезентативност на синдикат на национално ниво од 10% на 5%, па сега се прави обид на сила да се направи репрезентативен синдикат, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со што се запечатува неговата судбина како жолт синдикат !
Изминатите 6 месеци, советник од Владата, владини функционери, министри, градоначалници, директори, раководители, шефови, беа вклучени во операцијата за насилно зачленување на работниците кои работат во институциите со кои раководат тие, за да формираат нивни (партиски) синдикални организации во партискиот и жолт синдикат КСС се со цел да се покаже дека работниците се задоволни, а синдикатот (КСС) послушен.
Последен обид е, според информациите, насилното свикување на Комисијата за утврдување на репрезентативност по насоки на Советник во Владата за да се даде репрезентативност на КСС, а на штета на работниците и во интерес на Владата !
Иако, Сојузот на синдикатите на Македонија ја исполни потребната бројка на членови од над 10% од вкупниот број на работници за репрезентативност, се уште го нема добиено решението и по истекот на 2 месеци од пребројувањето, а се прави насилен обид, синдикат со едвај 5% да добие репрезентативност со што ќе се укине социјалниот дијалог во Македонија како што тоа е случај во недемократските земји!
Овој последен обид покажува дека не само што се против синдикатите, туку се и против работниците !
За тоа за кој се вршеше притисок, за тоа за кој агитираа, се закануваа и притискаа горенаведените функционери, за брзо време ќе се дознае, а потоа ?!