Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОНФЕДЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ ВО ПОСЕТА НА ССМ

Во Работничкиот дом, се одржа средба помеѓу Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов и Теа Јарц, Конфедерален Секретар на Европската конфедерација на синдикатите – ETUC.

На средбата учествуваа и Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски и Елена Петрова и Кристина Јордановска од ССМ и Џовани Касале, Експерт на ETUC при Комитетот за колективно договарање и координација на платите и Елизабет Терен од ETUC.

Претседателот на ССМ Трендафилов ги информираше високите претставници на Европската конфедерација на синдикатите за активностите на ССМ за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор и потребата од зголемување на сите плати во приватниот сектор со растот на минималната плата.

Истовремено, информираше и за политичките притисоци врз ССМ и неговото раководство, недостатокот на социјален дијалог со неможноста синдикатите да имаат свој репрезентативен претставник во Економско – социјалниот совет од почетокот на годината, како и за упадите во синдикатите со цел истите да се оневозможат да се борат за зголемување на работничките плати.

Европската конфедерација на синдикатите чиј полноправен член е Сојузот на синдикатите на Македонија преку механизмите кои ги има на располагање, наредниот вторник на состанок ќе информира за состојбата со Социјалниот дијалог, работничките права, како и почитувањето на синдикатите во Државите кандидати за влез во Европската унија на кој ќе се вклучи и Претседателот на ССМ Трендафилов, а дополнително ќе бидат информирани и Европските институции состојбите и случувањата во Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.