Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција на меѓународната организација на трудот

 

 

На 98 – та годишна конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ), која се одржува од 3 до 19 јуни во Женева, Швајцарија, централна тема се глобалните одговори на се поголемото влијание на светската економска и финансиска криза врз вработеноста.

На конференцијата ќе учествуваат околу 4.000 претставници на влади, работодавачи и синдикални организации од целиот свет. Вообичаено делегациите на земјите членки се составени од претставници на владите, работодавачите и синдикатите. Во делегацијата на Република Македонија, која на Конференцијата ќе учествува од 15 до 17 јуни, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го претставува Анѓелко Анѓелковски, претседател на Синдикатот за текстил, кожа и чевли.

Во склоп на конференцијата ќе се одржи самит на МОТ за глобалната криза на работните места, а ќе бидат организирани и панел – дискусии на највисоко ниво.

Претставниците на владите, работодавачите и работниците од 184 земји членки на МОТ ќе расправаат и за нацртот на работничките стандарди врзани со болеста АИДС. По прв пат после 24 години на невен ред на Конференцијата ќе се расправа за половата еднаквост.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.