Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција на секцијата на жени по повод осми март

8.03.2013

Претседателот Живко Митревски: пред нас се уште многу цели за подобрување на заштитата на жените и другите ранливи групи

Секцијата на жени при ССМ денес, по повод празникот Осми март, одржа конференција на тема “Стоп за дискриминацијата на жените – правата на жените и еднакви можности на мажите и жените во Република Македонија“.

На Конференцијата е испратен апел за сопирање на дискриминацијата и побрзо донесување на Законот за мобинг.

Во Секцијата на жени при ССМ, чиј претседател е Елизабета Гелевска, членуваат секциите на синдикатите здружени во ССМ, додека на конференцијата присуствуваа голем број соработнички од други институции.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски нагласи дека ССМ е партиципиент и активен учесник во националниот документ “Стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020 година“ и дека борбата против родовата дискриминација е една од темелните цели на платформата на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.