Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција по повод Денот на пристојна работа, 7 октомври

СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 2017 ДО СЕГА НЕМА НИКАКВИ ОТПУШТАЊА - МИНИМАЛНАТА ПЛАТА МОРА ДА РАСТЕ

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, во рамки на одбележувањето на Денот на пристојна работа, 7 октомври, одржа конференција на која беа презентирани наодите од анализата од Студијата за минимална плата, која е во процес на финализација, а истата ја изработуваат проф. д-р Драган Тевдовски и проф. д-р Бранимир Јовановиќ.

На настанот свое обраќање имаа Дарко Димовски, претседател на ССМ, Валон Садики, претставник на канцеларијата на ФЕС, Скопје, Милaн Живковиќ, советник на претседателот на Владата на РСМ, Емил Крстановски, Меѓународна организација на трудот, канцеларија Скопје, Бранимир Јовановиќ, експерт, Мирјанка Алексевска, Раководител во МТСП, Јована Тренчевска, ВД директор на Државниот инспекторат за труд, и Светлана Ристовска – Антиќ, Извршен директор на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, а во таа насока е и изјавата на Претседателот на Владата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000,00 ден. и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63% од просечната плата со што би се остватриле заложбите на синдикатот и барањата на работниците.

Сметаме дека во наредниот период треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата преку што многу лесно ќе имаме зголемување и на просечната плата.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, доколку минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 ден. тогаш две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.

Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Затоа, ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граганите.

Она што беше потенцирано до страна на проф. Јовановиќ, а е една и од потенцијалните преопораки и заложби на ССМ, е фактот дека покачувањето на минималната плата од 2017 година, немало никакви негативни ефекти врз фирмите, а ја зголемило нивната профитабилност, и во наредниот период слободно може да се оди со натамошни покачувања на минималната плата.

Студијата за минималната плата е во фаза на изработка и истата ќе биде промовирана во следниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.