Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција за безбедносно инженерство при работа и пожар

05.10.2013 

05.10.2013 foto1

На 4 и 5 октомври во Битола, во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“, се одржува Прва меѓународна научно – стручна конференција 2013 “Безбедносно инженерство при работа и пожар“.

На конференцијата учествуваше претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, кој истакна дека Сојузот на синдикатите на Македонија е посебно посветен на работното законодавство и меѓународните трудови стандарди во делот на прашањата на безбедноста и здравјето при работа.

Значаен чекор во прогресот на законодавството од оваа област е ратификацијата на Конвенцијата за безбедност и здравје на Меѓународната организација на трудот, за чие усвојување иницијатива поведе ССМ.

За Синдикатот важен чекор е посветеноста во делот на имплементирањето на регулативата во претпријатијата и организациите преку синдикалните повереници.
Со оглед на значајноста на темите оваа конференција ќе биде уште еден придонес за креирање соодветна и модерна регулатива за безбедност и здравје, истакна Митревски.

Инаку иницијативата за одржување на оваа конференција се создала со обезбедувањето на акредитација на Факултетот за безбедносно инженерство при овој универзитет.

На конференцијата учество зедоа над 80 подносители и 120 активни набљудувачи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.