Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција за општествена одговорност на претпријатијата

 

3.04.2013
03.04.2013 foto1Претседателот д-р Живко Митревски: во општествено одговорните претпријатија мора да постои синдикална организираност и социјален дијалог

Република Македонија е регионален лидер во организираноста на општествената одговорност на претпријатијата, иако постојат уште многу компоненти кои треба да се уредуваат.

Ова е кажано на денешната Конференција што се одржа во ЕУ Центарот во Скопје, која значи почеток на Проектот ’Кооперативна општествена одговорност за сите“. Како што информираше модераторот Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија, проектот е подржан од Европската Комисија, додека е предводен од Турската федерација на асоцијации на работодавачи, додека ќе учествуваат Меѓународната организација на работодавачи (IOE), Хрватската организација на работодавачи (CEA), Бизнис конфедерацијата на Македонија, Црногорската федерација на работодавачи (MEF)  и Националниот совет за мали и средни претпријатија во Романија (CNIPMMR). Проектот ќе трае две години, односно до 1 декември 2014 година, со дефинирани содржини, работни пакети, методологија за подобрување на капацитетите, доделување награди, издавање посебен водич за југоисточен европско – турски модел и други содржини.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски рече дека, со оглед на светската економска криза, чинителите  и учесниците покажуваат храброст и одговорност во прогресот на овој концепт во државата. Концептот не стимулира сите да прифатиме понапредни принципи, практики и начела откоилку што се класичните принципи на неолибералниот капитализам. Сметам дека овој приод треба да биде поттик и за работодавачите, затоа што општествено одговорното однесување значи збогатување на општествените вредности во Република Македонија. Со одговорно однесување претпријатијата добиваат задоволни работници, го зголемуваат својот углед, стануваат респектиран деловен партнер, развиваат нов маркетиншки имиџ и воопшто стекнуваат многу предности.

Став на Сојузот на синдикатите, како и на сите синдикални организации во земјата, е дека без синдикална организираност не може да постои општествена одговорност. Социјалниот дијалог во претпријатијата е клучна компонента и во тој правец значајна е директивата на ЕУ за информирање и консултирање на работниците.

ССМ од почеток бараше вметнување на социјалните компоненти во општествената одговорности и затоа ги охрабруваме носителите на овој проект да дејствуваат во овој правец. Инаку самиот факт дека неколку години по ред наградите ги добиваат неколку претпријатија укажува на потребата од едукација и ширење на концептот во целото стопанство, објасни Митревски.

На панел доскусијата Горан Лазаревски од “Глобален договор на ООН“ истакна дека процесот одеше тешко и во светски рамки. И во Македонија имаше првични отпори, што е нормална реакција од страна на биснисмените, но сепак во државата беше формирана неформална мрежа, во која учествуваше 51 претпријатие. Девет години после формирањето на мрежата имаме структурен, стратешки приод кон општествената одговорност и, од страна на претпријатијата, интерес што постојано расте. Имено, има 48 претпријатија членки, со тоа што постојано стигнувата нови апликации.

Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност, рече дека корпоративната општествена одговорност е реалност во Македонија. Д-р Владимир Петковски од Економскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ нагласи дека импулсот од страна на ЕУ ќе остане силен поттик во развивањето на концептот. Со формирањето на националното координативно тело во 2007 година е надмината волунтаристичката фаза и се премина во фаза на зрелост.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.