Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО РЕГИОНАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ССМ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОТЕСТОТ

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски одржаа координативен состанок со секретарите и координаторите на ССМ на територија на кој се договараше на кој начин треба да се вклучат истите во организирање и логистика на најавениот работнички протест на ССМ.

Регионалните синдикални канцеларии на ССМ се задолжени да организираат бесплатен автобуски превоз за своите членови и граѓаните, кои што сакаат во недела да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) како и да ги координираат сите активности на локално ниво.

Сите работници, пензионери, студенти и сите граѓани, кои се заинтересирани да учествуваат на протестот, можат да се обратат во просториите на Регионалните синдикални канцеларии за да добијат повеќе информации и логистичка поддршка за нивно учество на протестот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.