Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОРИСТЕЊЕТО НА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРАВИЛАТА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН

Работниците во градежништвото се изложени на поголем ризик на работните места затоа што работат на секаков вид на локации, најчесто на височина и на различни временски услови.

Со поддршка на Меѓународната организација на трудот канацеларија Скопје изработено е промотивно видео за Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167).

ССМ заедно со СГИП до Економско социјалниот совет ќе поднесе иницијатива за Ратификација на Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167).

Кампањата која ја водеше ССМ заедно со Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија - СГИП беше ратификувана Конвенцијата 94 на МОТ, која ги регулира социјалните клаузули во јавните набавки.

ССМ секогаш се јавува како иницијатор на усвојувањето на конвенциите на МОТ, посебно оние кои се значајни за трудовите и социјалните односи. Преку Економско – социјалниот совет, учеството во работата на собраниските комисии и воопшто преку својата општа агенда ССМ настојува меѓународните конвенции да се ратификуваат од македонската држава и потоа да се имплементираат во македонското законодавство.

Во прилог линк од промотивното видео за Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167): ​ https://youtu.be/mn7NrspYm9s

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.