- Македонски
- English

Летна школа ITUC PERK
Се одржа Летната школа на ITUC - PERC во чиј фокус беа подготовките за претстојниот Конгрес на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и предизвиците пред синдикалното движење и зајакнувањето на социјалниот дијалог како клучен инструмент за заштита на работничките права во време на глобални промени.
Од особено значење беа учеството и обраќањата на Естер Линч, Генерален секретар на ETUC, Лук Триангл, Генерален секретар на ITUC,Оливер Ропке, Директор на ACTRAV при МОТ и Игор Зубцу, Претседател на PERK кои ги претставија визиите за иднината на синдикалното движење, регионалните приоритети и улогата на социјалниот дијалог во обезбедувањето достоинствена работа и посилна заштита на работниците.
Претседателот на ССМ Слободан Тррндафилов ги информираше присутните за состојбите во Македонија на полето на социјалниот дијалог, за борбата на ССМ за зголемување на работничките плати, за нападите кон ССМ, за формирањето на жолти синдикати за да се спречи зголемување на минималната плата, а воедно се заблагодари на безрезервната поддршка која ССМ и лично тој ја добија од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати во изминатиот период.
Во рамки на програмата беше организирана и работилница посветена на примената на вештачката интелигенција (AI) на работното место, при што беше истакната потребата технолошките промени да се спроведуваат со почитување на правата, безбедноста и достоинството на работниците.
Од Летната школа на PERK беше испратена пораката ,,Силни синдикати, силен социјален дијалог и меѓународна солидарност – тоа е патот кон поправеден свет на трудот."



