- Македонски
- English

МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО ПО ПЛАТИ, А НА ВРВОТ ПО ТРОШОЦИ ЗА ХРАНА !
Додека македонските работници се на дното во Европа по висината на платите, македонските семејства се на самиот врв по делот од своите средства што го трошат за најосновното, на ХРАНА!
Според податоците на Евростат за јануари 2026 година, 40,11% од вкупните трошоци на домаќинствата во Македонија отпаѓаат на храна и безалкохолни пијалоци.
Тоа е највисок процент меѓу наведените европски држави.
По Македонија следуваат Албанија со 34,46%
и Косово со 32,75%, а за споредба, во Хрватска учеството на храната и безалкохолните пијалоци во трошоците на домаќинствата изнесува 21,76%, додека просекот на Европската Унија е 16,28%.
И пресметките на ССМ ја покажуваат истата сурова реалност.
Според последната Синдикална минимална кошница, за најнеопходното од храна и пијалоци, (без алкохолни пијалоци и тутун), на едно четиричлено семејство му се потребни 25.032 денари, што претставува 36,4% од вредноста на Синдикалната минимална кошница.
Но, најстрашна е споредбата со минималната плата!
Само за најнеопходната храна и пијалоци за едно четиричлено семејство се потребни 25.032 денари, што претставува речиси 96% од минималната плата од 26.046 денари, или со други зборови, речиси целата минимална плата би била потребна само за храна и безалкохолни пијалоци за едно четиричлено семејство!
А каде се, киријата или кредитот, струјата и греењето, водата, превозот, облеката, здравствените трошоци, образованието и сите останати основни потреби за живот?
Дури и во однос на просечната плата, според пресметките на ССМ, за најнеопходното од храна и пијалоци за едно четиричлено семејство се потребни средства во висина од 55,3% од просечната плата.
Податоците на Евростат и пресметките на ССМ користат различни методологии, но ја покажуваат истата сурова реалност:
РАБОТНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА РАБОТАТ, А СЕ СИРОМАШНИ!
Ниските плати, а особено ниската минимална плата, не им овозможуваат на работниците и нивните семејства достоинствен живот.
Македонија е на дното по висината на платите, а е на врвот по делот на семејниот буџет кој се троши за храна и пијалоци.
Тоа не е успех.
Тоа е доказ дека платите се премногу ниски, а животот за работниците е премногу скап!
#ССМ #РаботничкиПрава #Плати #МинималнаПлата #СиндикалнаМинималнаКошница #ДостоинственаПлата