Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов , учествуваше на Меѓународната конференција „20 YEARS OF MEDIATION IN MACEDONIAN LEGAL SYSTEM“, која од 4 до 6 септември 2026 година се одржа во Охрид.

Во рамки на конференцијата, на 5 септември се одржа панел-дискусијата „Forms of Resolving Labor Disputes Through Arbitration, Conciliation and Mediation“, посветена на формите на решавање на работните спорови преку арбитража, помирување и медијација.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на панел-дискусијата го претстави синдикалниот пристап кон мирното и ефикасно решавање на работните спорови, со посебен акцент на значењето на социјалниот дијалог, заштитата на работничките права и улогата на синдикатите во градењето праведен и функционален систем на работни односи.

На панелот учествуваа претставници на академската заедница и агенциите за мирно решавање на работните спорови од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Учеството на ССМ на конференцијата претставуваше можност за размена на искуства и унапредување на механизмите за решавање на работните спорови, во насока на зајакнување на социјалниот дијалог и ефикасна заштита на работничките права.

Претседателот на ССМ Трендафилов доби Благодарница за особен придонес во промоцијата и унапредувањето на мирното и ефикасно решавање на работните спорови.

#ССМ #СоцијаленДијалог #РаботничкиПрава #Медијација #РаботниСпорови

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.